Екипата на Сокол Саса продолжува да го составува тимот за новата сезона во Првата лига, во која ќе го има своето деби на ракометната сцена.
Нов играч во составот е Мирче Ѓеоргиев, кој настапува на позицијата десен бек и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Сокол Саса.
Ѓеоргиев во минатото настапуваше за Прилеп и Делчево, а сега ќе има нов предизвик и можност да се докаже во дресот на Сокол Саса.
Со неговото доаѓање, тимот добива уште една опција во бековската линија пред стартот на новата сезона.
По кратката пауза, Ѓеогиев му се враќа на ракометот и ќе има шанса да потсети на сезоните кога во дресот на Делчево беше меѓу најдобрите стрелци во Првата лига.
























