Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска го игра третиот натпревар од Регионалната лига, а во Битола гостува српската Дубочица Лесковац.
Момците на Лино Червар досега ги победија Партизан и Ловќен со две убедливи изданија, а сега ќе се обидат да стигнат до „три од три“ на домашен терен.
На дело видовме некои од новите имиња во Битола, но пелистерци имаат уште „асови во ракавот“ за пресметките што следуваат.
Со триумф на оваа средба, Еурофарм Пелистер ќе направи голем чекор напред кон едно од првите две места на табелата и пласман на Ф4 во Регионалната лига.
Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Дубочица Лесковац е закажан за 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.
Вториот македонски претставник во групата А, тимот на Кирил Лазаров, денеска од 19:00 часот ќе му гостува на Ловќен Цетиње во битката за втора победа.

























