Само неколку дена пред стартот на новата сезона откако замина од Битола, Омер Мехмедовиќ најде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Австрија.
Босанскиот бек е ново засилување на тимот на Линц, кој го потврди неговиот ангажман пред почетокот на сезоната.
Мехмедовиќ добро го познава австрискиот ракомет, бидејќи во сезоната 2024/25 настапуваше за Барнбах, пред да заигра за словенечката Рибница од каде што се пресели во редовите на Еурофарм Пелистер.
За Мехмедовиќ, пак, ова претставува враќање на добро познат терен, откако летово не успеа да се наметне во македонскиот вицепрвак.

























