Илинден промовира уште еден голман – доаѓа Никола Ангеловски

Новиот прволигаш Илинден го промовираше шестиот нов ракометар во своите редови за деби сезоната на ракометната сцена.

Станува збор за голманот Никола Ангеловски, кој има 22 години, а првите ракометни чекори ги направи во академијата на Металург.

Таму ги мина сите младински категории, а подоцна го бранеше голот  и на Металург РА во прволигашката конкуренција.

Претходно Илинден го промовираше стратегот Дарко Јанев и неговиот асистент Дејан Пецаковски, кои ќе го водат клубот.

Досега ростерот е пополнет со голманот Наум Симјановски, десното крило Матеј Филиповски, левото крило Иван Најдовски и левиот бек Лука Перуновски.