Еурофарм Пелистер 2 продолжува со создавање тим што треба да биде спој на младост, квалитет и играчи со сериозен простор за развој. Ново име во составот на битолчани e десниот бек – младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Георгиевски.
Битолчанецот до минатата сезона беше дел од битолскиот состав, но во пролетниот дел од сезоната настапуваше за екипата на Прилеп, со која го освои првото место во суперлигашкиот плеј-аут.
Георгиевски зад себе има искуство од играње во младинската Лига на шампиони со Еурофарм Пелистер, а во репрезентативната кариера има играно на кадетско и на младинско Европско првенство.
Битолчани ова лето веќе донесоа неколку нови имиња, а во тимот се и Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Трајков, Марин Крстевски, Давид Димевски и Александар Стојков, а предводник на клубот ќе биде Бранислав Ангеловски, тренер кој веќе покажал дека знае да работи со млад тим, да го развие и истовремено да донесе резултат.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























