Дупла добивка за Oхрид – уште еден чекор до финале!

Ракометарите на Охрид прославија втора победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а тоа всушност беше и прв триумф за „гладијаторите“ во новоформираната Регионална лига. Во СРЦ „Билјанини Извори“, охриѓани ја победија Војводина со 30-19 и дојдоа на чекор до финале на домашниот турнир.

Охрид има четири бода исто колку што има и Загреб, па в петок, двете екипи ќе се борат за првото место во групата што носи пласман во финалето на меморијалниот турнир.

Дино Славиќ имаше феноменална партија со 15 одбрани на голто на Охрид, а Иванковиќ, Мате и Ѓукиќ постигнаа по пет гола.

Првиот гол го одбележа голманот на Охрид, Дино Славиќ, кој успеа да запре девет удари на противничките ракометари, а три беа пенали на Срдановиќ и Чировиќ. И покрај одличната партија на Славиќ, Охрид подолго време не можеше да се одлепи, но ги дочекаа домашните своите „пет минути“.

Во финишот на полувремето Охрид стигна до највисоките дотогаш плус четири, 12-8, а со мајсторскиот потег на Дарко Ѓукиќ и голот од слободен удар по истекот на времето.

На стартот на второто полувреме, Охрид заигра уште посериозно и отиде на осум гола позитива, а се разиграаа Мате и Лиапис и веќе беше 18-10. Тука беше решен натпреварот уште по пет-шест минути игра во вториот дел, Славиќ продолжи да царува на голот и до крајот немаше дилеми околу победникот, па тренерите можеа да си дозволат повеќе комбинаторики.

Охрид утре ќе одмори, а Војводина в петок ќе се соочи со младинската селекција на Египет.