Македонската репрезентативка Марија Гугуљанова го имаше своето деби за полскиот состав Пјотрковија.
Таа настапи со новиот тим на два подготвителни турнири. На меморијалниот турнир „Едвард Јанковски“, во полуфиналето Пјотрковија славеше против Радом со 36-34, а Гугуљанова со два гола придонесе за победата.
Во финалето против Лублин, по ремито во регуларниот дел, 31-31, тимот на Гугуљанова загуби на пенали со 4-3.
На вториот меморијален турнир „Хенрик Круглински“, Пјотрковија загуби во полуфиналето од Заглебје Лубин со 31-20, а Гугуљанова стрелаше два пати.
Во мечот за третот место, беше совладана екипата на Радом со 33-26, а македонското десно крило беше стрелец на еден погодок.

























