Капитенот на македонската репрезентација Сара Ристовска се врати на терените и игра во одлична форма ако се суди по претсезонските турнири.
Нејзиниот клуб Рапид Букурешт го освои турнирот во Крајова. Во првото славеше против домаќинот со 25-24, а Ристовска беше втор стрелец со четири гола.
Во второто коло, тимот од романската престолнина ја победи Слатина со 32-25, а македонската репрезентативка исто така беше втор стрелец со пет погодоци.
Во третата рунда, Рапид Букурешт ја запиша клучната победа над Дунареа Браила со 29-27, а Ристовска беше втор стрелец во победничкиот тим со четири гола.

























