Некогашни играчи на Струга и Охрид заедно во косовскиот шампион

Поранешни ракометари на Струга и Охрид во претстојната сезона ќе ги бранат боите на косовскиот шампион Кастриоти.

Турскиот репрезентативец Ерај Каракоч кој го носеше дресот на „гладијаторите“ пред две сезони ќе игра одново надвор од татковината и потпиша за Кастриоти.

Екс десниот бек на стружани, Вук Лакичевиќ, по настапите во Швајцарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија…исто така ќе биде дел од косовскиот шампион.

Кастриоти минатата сезона беше предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров со кој ја освои дуплата круна.