Машката кадетска репрезентација на Македонија ја оствари главната цел на Европското првенство во Србија, па сега може без притисок да ги одигра следните два меча.
Во битката за пласман од 9 до 12 место на ЕП, избраниците на Горан Кузманоски ќе се соочат со селекцијата на Португалија, која беше подобра од Шведска со 32-28.
Доколку слават, македонските кадети в недела ќе играат против победникот од пресметката Австрија – Израел за 9 место.
Доколку не запишат победа, кадетите ќе се борат за 11 место на континенталниот собир против поразениот од тој двобој. Македонија претходно обезбеди пласман на СП 2027 за кадети и на ЕП 2028 за младинци.
Од 13 до 16 место на ова ЕП ќе разигруваат Србија, Полска, Шведска и Фарски Острови.























