ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кузманоски избра за Турција – еве кои 16 ракометари ќе играат

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра натпреварот против Турција на Европското првенство.

Од 12:00 часот, избраниците на Горан Кузманоски ќе се соочат со селекцијата која досега запиша четири порази.

Селекторот на Македонија се реши за овој натпревар да настапи во истиот состав што ја победи Италија на вчерашната пресметка.

Надвор од комбинација останаа десното крило Андреј Георгиев и голманот Мелин Фехми.

Македонија има шанси со позитивен резултат, но и со услуга од други селекции, да влезе во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место. За ова повеќе прочитајте ТУКА.

Што и треба на Македонија за ТОП 16 на ЕП?