ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Играа заедно во Тиквеш – сега имаат нови клубови, литванската легенда се врати дома

  • Легендарниот литвански репрезентативец Ајденас Малашинскас ова лето се врати во татковината по настапите во Романија и ќе го облече дресот на тимот на Драгунас Клаипеда, каде многу веројатно ќе ја заврши богатата кариера.
  • Некогашниот пивот на Тиквеш и на словенечката Рибница, Никола Стефановиќ, по три сезони настапи во Словенија се сели во израелскиот шампионат и во новата сезона ќе го носи дресот на Бнеи Херцлија.
  • Екс кружниот напаѓач на Охрид, Нексе Нашице, Војводина, Адемар Леон, Веспрем…Живан Пешиќ, во новата сезона ќе го облече дресот на новиот српски суперлигаш Лозница.
  • Друштво на Пешиќ и Младен Крсманчиќ во Лозница ќе им прави и некогашниот голман на Тиквеш, Јанко Гемаљевиќ, кој по настапите за Раднички Крагујевац ќе има нов предизвик во кариерата.
  • Некогаш големата надеж на хрватскиот ракомет, Иван Сршен, и наредната сезона ќе ги брани боите на Вараждин. Десниот бек кој потекнува од Метковиќ, а потоа играше за Нексе, ПИК Сегед, Вецлар, Загреб…не успеа да го оствари тоа што му го предвидуваа ракометните стручњаци во кариерата.
  • Екс играчот на Тиквеш, левиот и среден бек Срѓан Мијатовиќ, во новата сезона ќе ги брани боите на Градачац од Босна и Херцеговина. Тој се врати во татковината по настапите за Пуенте Хенил, Сасари, Кокс, Тиквеш, Берн и Ајдовшчина.