Битолчанки добија засилување – Еџе Сејадин ќе игра во Супер лигата

Женскиот клуб Пелистер ќе биде посилен во новата сезона со ангажманот на една од најталентираните млади ракометарки во Македонија – Еџе Сејадин.

Талентираната ракометарка зад себе има одлична сезона, во која беше најдобар стрелец во кадетската лига со 86 постигнати погодоци.

Покрај тоа, во Првата лига заврши како втор стрелец со 164 гола, веднаш зад Анастасија Сентовска.

Сејадин минатото лето од Ресен се пресели во Стружанка, каде што со одличните настапи го привлече вниманието на повеќе клубови, а кариерата ќе ја продолжи во Битола.

Со трансферот во Пелистер, младата ракометарка ќе добие можност да настапува во македонската Супер лига и да ги покаже своите квалитети против најдобрите екипи во државата.

Битолскиот клуб со овој потег продолжува да инвестира во млади и перспективни ракометарки, со цел да изгради конкурентен тим за новата сезона.