Ракометарките на Вардар во наредната сезона ќе имаат нов капитен – левото крило Леона Миленкоска.
По заминувањето на Андреа Илиќ во странство, „црвено-црниот“ тим доби нов предводник во името на македонската репрезентативка.
Миленкоска, која е долго време во составот на Даниела Новеска, минатата сезона беше најдобар стрелец и постигна 152 гола на 26 меча.
Заменик капитен ќе биде голманката Вероника Ѓорѓиевска, која ќе ја одработува десеттата сезона во Вардар.

























