Илинден почна да ја пишува својата приказна – предводник ќе биде Дарко Јанев!

Новиот клуб во македонската прволигашка конкуренција, Илинден, започна со кроењето на тимот за првата сезона во сениорска конкуренција.

Клубот зад кој стојат актуелни и поранешни репрезентативци (Гоце Георгиевски, Марио Танкоски, Давид Савревски и Жарко Пешевски), го промовираше стратегот Дарко Јанев.

Тој се има докажано како стратег со одлична работа со младинските категории, прво во Илинден Вардар, потоа и во Бутел Скопје, а беше селектор и на женската младинска репрезентација на Македонија, но и асистент во сениорската.

Во играчката кариера, Јанев играше за Пелистер, Вардар, Куманово, Зомимак Струмица, МРК Вардар, Пролет, Охрид, како и катарскиот Ал Араби.

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонски репрезентативци формираа свој клуб!