Црногорскиот стратег Игор Марковиќ беше именуван за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија.
Марковиќ не го криеше задоволството по потписот и ветува напорна работа за да се изгради конкурентен тим.
„Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Се надевам дека со посветена работа, максимална пожртвуваност и заеднички труд ќе успееме од ден на ден да бидеме се подобри. Пред нас е Европското првенство, а претходно не очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во добра соработка, добро здравје на сите ракометарки и заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија“, изјави Марковиќ.
Прв предизвик за него ќе биде настапот на „Трофеј Македонија“ и дуелите против Хрватска, Црна Гора и Србија, а потоа и настапот на ЕП, каде нашата селекција ќе игра против Норвешка, Романија и Швајцарија.
Македонија доби нов селектор – дамите ќе ги води Игор Марковиќ!

























