Холандија и Финска ги освоија титулите на младинските ЕХФ шампионати

Во главниот град на Косово, Приштина, завршија двата младински ЕХФ шампионати, наменети за 12 репрезентации кои не обезбедија пласман на Европското првенство во Романија.

На првиот ЕХФ шампионат, репрезентацијата на Холандија стигна до шампионскиот трофеј со максимален учинок. Холанѓаните ги добија сите пет натпревари во групната фаза, а во големото финале ја совладаа Естонија со 34:28.

Бронзениот медал го освои селекцијата на Косово, која во драматичен натпревар ја победи Италија со 26:25, благодарение на гол во последната секунда. Во дуелот за петтото место, Грузија по изведување пенали го совлада Црна Гора со 31:30, откако регуларниот дел заврши 28:28.

Најдобар стрелец на овој шампионат беше Олси Мулај од Косово со 46 гола.

На вториот ЕХФ шампионат, шампионската титула ја освои Финска, која во финалето ја совлада Словачка со 30:26. Финците уште во групната фаза ја победија Словачка, а добрата форма ја потврдија и во финалниот меч.

Во натпреварот за третото место, Бугарија направи пресврт против Белгија и славеше со 33:31, додека Луксембург убедливо ја совлада Велика Британија со 42:26 за петтото место.

На листата на стрелци во доминираа Белгијците Саша Дибик и Симон Дипон, кои постигнаа по 43 гола.