Како што неодамна најави 24Ракомет, поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Томислав Димовски, е нов ракометар на Тиквеш.
Средниот бек на Пролет, кој беше важна алка во играта на овој тим левото ја промени средината и ќе го засили составот на Кристијан Грчевски, кој и наредната сезона ќе го предводи клубот.
Кавадарчани го имаат Страхиња Симиќ на средната бековска позиција, a тука е и младинскиот репрезентативец Мики Лазов.
Тиквеш досега се засили со левите бекови Тоше Ончев и Мохамед Бен Махфуд, како и пивотот Борјан Цековски, а од Кавадарци заминаа голманите Василије Печурица и Благој Панов, а левиот бек Богдан Мијушковиќ е пред тррансфер во Израел.
Тимот од Кавадарци освен на домашна сцена, ќе биде активен и на меѓународна, во ЕХФ Европскиот Куп каде за ривал го има Еш од Луксембург.























