Блажески во одбрано друштво – со Милосављев, Пилиповиќ…дел од тренерите на камп за голмани

Традицијата која што трае 5 години, со организацијата на кампот за ракометни голмани во организација на Кристијан Пилиповиќ, продолжи и ова лето.

Македонскиот голман Бојан Блажески, кој е дел од тимот на Охрид, е дел од одбраното друштво и меѓу демонстраторите од кои ќе учат идните голмани.

Блажески е дел од тренерскиот штаб на кампот што се одржува до 19 јули во швајцарскиот град Шафхаузен заедно со други елитни актуелни и поранешни голмани.

Македонскиот чувар на мрежата е во Шафхаузен заедно со Драган Јерковиќ, Дејан Милосављев, Кристијан Пилиповиќ, Слаѓана Ѓоковиќ…а за кондициската подготовка на голманите е задолжен Андрија Њаради, кој исто така работи во Охрид.