Се разделија пелистерци и Хаџиќ: Овој клуб не е само место за играње, туку е големо семејство

Босанскиот репрезентативец Алем Хаџиќ не е повеќе дел од тимот на Еурофарм Пелистер, откако двете страни решија да се разделат пред истекот на договорот.

Централниот бек ги покажа своите квалитети во вториот тим, беше дел од младинската екипа која играше на Ф4 во Лигата на шампионите, а настапуваше и за првата екипа во најелитната конкуренција.

„По 3 прекрасни години, време е да се разделиме. Пелистер беше првиот клуб во кој дојдов како дете, правејќи го првиот голем чекор во мојата кариера. Пелистер е оној кој ме пречека како свој. Овој клуб не е само место за играње, туку е големо семејство кое ме натера да се чувствувам како дома. Благодарен сум на сите играчи, тренери, раководството на клубот и најдобрите навивачи – Чкембари. Ви благодарам за мојот вториот дом“, напиша Хаџиќ на социјалните мрежи.

Босанецот дојде во Битола од составот на Коњух Живинице, а од ова лето ќе има нов предизвик во кариерата.