Македонската репрезентативка Марија Гугуљанова од наредната сезона ќе го има првиот предизвик во странство, дознава 24Ракомет.
Десното крило што освои двојна круна минатата сезона со тимот на Ѓорче Петров од летово ќе игра за полскиот тим Пјотрковија.
Станува збор за тимот што беше третопласиран во полскиот шампионат минатата сезона зад Заглебје Лубин и Лублин, и покрај на домашна сцена ќе игра и во Лигата на Европа.
Гугуљанова потекнува од Валандово, а во кариерата во Македонија играше за Металург, Металург Автокоманда и Ѓорче Петров, а настапите во Полска ќе и бидат први надвор од нашата држава.
Во составот на Пјотрковија своевремено играше уште една Македонка, Зорица Десподовска.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























