„Сино-белиот“ тим од Автокоманда, кој пред две сезони го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, по неуспешниот обид минатата сезона во Лигата на Европа, одново ќе игра во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Покрај Охрид, кој е највисоко рангиран на првата позиција, Тиквеш и Бутел Скопје, четвртиот тим од Македонија што ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп е тимот на Кирил Лазаров.
Овој тим е рангиран на третата позиција во клупскиот ранкинг и до четвртфиналето нема да може да игра против Охрид, но и против екипите на Темишвар, Олимпијакос, Островија, Хаукар…кои се рангирани во ТОП 8.
Првите натпревари од втората рунда ќе се играат на 17/18 октомври, додека реваншите се на 24/25 октомври. Меѓу можните ривали се британскиот Ислингтон, босанската Слога Добој, грчкиот АЕК Атина кој направи скандалозен потег во Скопје пред две сезони, потоа норвешкиот Нербо, српскиот Динамо Панчево, австрискиот Кремс, турската Бурса, словачкиот Бојнице…


























