Некогашниот стратег на Тиквеш, Драган Марковиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Марковиќ, кој кратко време седеше на кавадаречката клупа, од ова лето ќе го води тимот на Клуб Африкан од Тунис.
По заминувањето од Кавадарци, Марковиќ не работеше никаде, а сега одново ја рестарира кариерата во која ги водеше Борац Бања Лука, Динамо Панчево…
Беше селектор на Босна и Херцеговина на СП 2015, работеше во Германија, а седеше и на клупата на полскиот Азоти Пулави.

























