Ривалот на Вардар во Лигата на шампионите, Висла Плоцк, во истиот ден кога остана без Торнбјорн Бергеруд, експресно најде замена за него.
Во полскиот вицепрвак доаѓа словенечкиот репрезентативец со црногорско потекло Миљан Вујовиќ, кој од ова лето требаше да го облече дресот на Слован Љубљана.
Сепак тој ќе брани во Плоцк како позајмен ракометар во претстојната сезона и ќе формира дуо со ветеранот Мирко Алиловиќ.
Вујовиќ потекнува од Ловќен, три сезони го бранеше голот на Горење, потоа уште толку беше дел од Целје, а од 2022 до крајот на оваа сезона играше за бундеслигашот Штутгарт.
Летово потпиша договор со Слован Љубљана до 2028 година, но со оглед на тоа што со словенечкиот тим нема да игра во ЛШ според очекувањата, се реши да ја прифати понудата од Висла Плоцк.

























