Некогашниот лев бек на Вардар, Матија Николиќ, ова лето замина од Војводина и се пресели во грчкиот шампион Олимпијакос. Таму ќе игра со уште еден поранешен вардарец, Анте Кудуз.
Рускиот среден бек Игор Карлов по две сезони во словачкиот првак Татран Прешов ќе се врати во татковината и ќе го облече дресот на шампионот ЦСКА Москва. Претходно Карлов играше за шпанскиот Бургос.
Тимот на Ал Ахли го назначи за тренер најдобриот египетски ракометар во историјата, Хусеин Ал Заки. Тој го предводеше Бурган од Кувајт до титула во азиското клупско првенство, а сега се враќа во татковината.
Шпанецот Алберто Ентрериос и натаму ќе биде предводник на екипата на Лимож, откако ја продолжи соработката до 2030 година. Тој го води Лимож од 2022 година и ќе комплетира осум сезони на клупата.