Прв интернационален предизвик: Катерина Дамјаноска ќе игра во Романија!

Македонската репрезентативка Катерина Дамјаноска во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Кружниот напаѓач ќе настапува во државата каде што се игра можеби најдобриот женски ракомет во Европа – Романија.

Дамјаноска потпиша за амбициозниот тим Таргу Муреш, кој за влакно минатата сезона не успеа да влезе во романската елита.

Таа четири сезони мина во актуелниот првак на Македонија, Ѓорче Петров, а претходно настапуваше во Вардар.