Барселона го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц за уште две сезони, па тој ќе остане во каталонскиот гигант најмалку до летото 2030 година.
Претходниот договор на Јанц беше со важност до 2028 година, но одличните настапи и неговата важност во тимот го натераа клубот навреме да реагира и да ја обезбеди неговата иднина.
Словенецот пристигна во Барселона во 2020 година од Келце и досега се етаблираше како еден од најважните играчи во составот на тренерот Карлос Ортега.
Иако е природно десно крило, Јанц успешно се адаптираше и на позицијата десен бек, што дополнително ја зголеми неговата вредност за екипата.
Според шпанските медиуми, за услугите на 29-годишниот ракометар постоел интерес од неколку европски клубови како Келце и Висла Плоцк, но Барселона не сакала да ризикува со заминување на еден од своите клучни адути.
Минатата сезона во финалето на Лигата на шампионите против Фуксе Берлин, Јанц беше меѓу најзаслужните за трофејот со шест голови.
Продолжувањето на соработката со словенечкиот ас доаѓа кратко по обновувањето на договорот со Тимоти Н’Гесан, а раководството на Барселона е блиску и до нов договор со тренерот Карлос Ортега, што е уште една потврда за стабилноста на актуелниот европски шампион.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























