По ненадејното заминување на Андреја Вукојевиќ од тренерската позиција, раководството на Црвена Звезда експресно пронајде наследник. Нов шеф на стручниот штаб на белградскиот клуб е поранешниот репрезентативец на Србија и некогашен ракометар на „црвено-белите“, Ненад Максиќ.
Максиќ се враќа во Црвена Звезда по 18 години, но овојпат во улога на главен тренер. Тој беше дел од последната шампионска генерација на клубот, која во 2008 година ја освои титулата во Србија.
По заминувањето од Звезда, Максиќ настапуваше за Смедерево и Партизан, со кој играше и во Лигата на шампионите. Во текот на кариерата играше и за Борец Бања Лука и Целје, а за српската репрезентација забележа повеќе од 100 настапи.
Тренерската кариера ја започна по завршувањето на играчките денови, а работеше во повеќе клубови во Србија и странство. Двапати беше дел од стручниот штаб на Партизан, имаше ангажмани во Катар, а една сезона го предводеше и словенечкиот Словењ Градец.
Црвена Ѕвезда веќе подолг период се соочува со резултатска криза. Последниот трофеј клубот го освои пред девет години, а минатата сезона ја заврши на шестото место во српскиот шампионат. По првиот дел од сезоната белградскиот тим беше последнопласиран и се соочуваше со реална опасност за првпат во историјата да испадне од елитата.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























