Алборг се прости од легендарниот Бјорнсен, Антонсен и Бул-Ласен

Данскиот шампион Алборг и учесник на Ф4 во Лигата на шампионите, на крајот на оваа сезона се раздели со тројца ракометари.

Легендарното норвешко десно крило Кристијан Бјорнсен, кој имаше долг стаж во клубот заминува ова лето од Алборг и ќе ја заврши играчката кариера.

Кружниот напаѓач Рене Антонсен исто така заминува од Алборг и дресот на данскиот првак ќе го замени со оној на францускиот Нант.

Покрај нив двајца, заминува уште една клупска легенда – Јустер Бул Ласен, кој се сели во Силкеборг.

На нивно место во Алборг доаѓаат Магнус Ландин, Тобијас Нилсен и Антон Линдског.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________