По цели десет сезони поминати во дресот на шампионот на Германија, Кристијан О’Саливен ќе остане во Бундес лигата, но ќе ја продолжи кариерата во Лемго.
Норвешкиот среден бек и капитен на Магдебург официјално потпиша договор со Лемго до летото 2028 година, со што завршува една од најуспешните етапи во поновата историја на клубот од Магдебург.
О’Саливен пристигна во Магдебург во 2016 година и стана еден од клучните играчи во тимот кој под водство на Бенет Вигерт освои бројни трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите, како и шампионскиот пехар во Бундес лигата.
Иако имаше понуди да ја продолжи кариерата и надвор од Германија, 34-годишниот Норвежанец одлучи да остане во најсилната лига во светот и да му помогне на Лемго во наредните две сезони.
Со овој трансфер Лемго добива огромно искуство и лидер на теренот, додека Магдебург се разделува со еден од најпрепознатливите играчи во последната деценија.

























