Македонија ќе игра во домот на европскиот шампион!

Машката репрезентација на Македонија се најде во групата Х на Светското првенство во Германија, што ќе се игра во Магдебург, а за ривали ги доби селекциите на Бахреин, Јапонија и Исланд.

Нашите момци можеа да поминат и полошо, но и многу подобро. Сепак оваа група нуди можност за надигрување со сите три селекции.

Натпреварите ќе се играат на 15, 17 и 19 јануари 2027 година, а домаќини се градот Магдебург и „ГЕТЕК Арена“.

Станува збор за домот на европскиот шампион Магдебург, a има капацитет од 8.071 гледач и сигурно ќе биде претесна да ги собере сите навивачи и љубители на ракометот.