Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групната фаза на Мундијалот во Германија наредната година.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе играат против Исланд, Јапонија и Бахреин во групата Х, а натпреварите ќе бидат во „Гетек Арена“ во Магдебург.
Бахреин е актуелен првак на Азија, а Јапонија четвртопласирана селекција на истиот континент, додека со „рибарите“ никогаш не сме поминувале славно.
Доколку Македонија ја заврши групната фаза на едно од првите три места, во главната рунда ќе вкрсти со најдобрите три од групата Г каде што се Данска, Словенија, Ангола и САД.
Светското првенство ќе се игра од 13 до 31 јануари 2027 година, во шест градови – Кил, Магдебург, Штутгарт, Минхен, Келн и Хановер.
група А (Минхен): Германија, Уругвај, Тунис, Србија
група Б (Штутгарт): Италија, Саудиска Арабија, Капе Верде, Египет
група Ц (Минхен): Хрватска, Турција, Чиле, Шпанија
група Д (Штутгарт): Франција, Кувајт, Бразил, Аргентина
група Е (Кил): Шведска, Катар, Грција, Норвешка
група Ф (Магдебург): Португалија, Алжир, Полска, Фарски Острови
група Г (Кил): Данска, Ангола, САД, Словенија
група Х (Магдебург): Исланд, Јапонија, Бахреин, Македонија























