Турскиот шампион Бешикташ го промовираше третото засилување за наредната сезона и тоа трето од македонската Супер лига.
По тренерот Рубен Гарабаја и десното крило Богдан Радивојевиќ, во Истанбул се сели и голманот Мигел Еспиња Фереира.
Еспиња мина две сезони на голот на македонскиот шампион Вардар, а во втората не бранеше многу поради повреди.
На голот на Бешикташ ќе го замени хрватскиот интернационалец Матеј Ашанин, кој заминува по три сезони.























