Играше за Металург, ПСЖ, Татран Прешов…сега се враќа дома

Некогашниот играч на Металург, Јануш Лапајне, ова лето ќе се врати во татковината откако потпиша договор со Ајдвошчина.

Новиот член на словенечката елита, кој Раде Стојановиќ успеа да го врати во најсилната конкуренција, се договори со средниот бек за наредната сезона.

Лапајне потекнува од Шкофја Лока, две сезони играше во ПСЖ, пред да дојде во Македонија и да заигра во Автокоманда.

Потоа три сезони беше дел од словачкиот Татран Прешов, па настапуваше за швајцарските Луцерн, Базел и Цирих, а лани играше за Казма од Кувајт.