Некогашниот вардарец се враќа дома – Македа ќе игра за Сиудад Реал!

Некогашниот десен бек на Вардар, Хорхе Македа, по крајот на договорот со полскиот Келце ќе се врати во татковината.

Ова лето тој ќе потпише за тимот на Касерио Сиудад Реал, наследник на славниот тим за кој играше и Кирил Лазаров.

Минатото лето Сиудад Реал се врати во Асобал лигата и оваа сезона заврши на високата осма позиција.

Македа, кој играше две сезони во Вардар од 2016 до 2018 година, беше дел од унгарските ПИК Сегед и Веспрем, потоа играше и за Нант, пред да заигра за Келце.

Сега на 38 години се враќа дома по 14 сезони и ќе го облече дресот на Суидад Реал. Во Шпанија, Македа има играно за Толедо, Барселона, Алкобендас и КАИ Арагон.