По три сезони во Битола и во Еурофарм Пелистер, средниот бек Домен Тајник ќе се врати во татковината.
Тој потпиша договор на две сезони со вицепрвакот на Словенија, Слован Љубљана, кој е предводен од селекторот Урош Зорман.
Тајник истакна дека неговиот најдобар потег во карирата било доаѓањето во Битола.
„Благодарам на Еурофарм Пелистер и на градот Битола. Мислам дека направив одличен потег со доаѓањето во овој клуб, можеби најдобар потег во кариерата. Имавме прекрасна екипа, која секогаш сакаше да биде успешна. Голема благодарност за прекрасната Битола, секоја чест за фановите, соиграчите, тренерите и сите во клубот“, изјави Тајник.
Слован Љубљана ќе биде вториот словенечки клуб за плејмејкерот, кој пред доаѓањето во Битола долго време беше дел од Горење Велење.























