Македонската интернационалка Сања Дабевска на крајот на сезонава ги напушти тимот на Бор и српскиот шампионат.
Кружниот напаѓач остави одлична сезона зад себе во Србија, со Бор стигнаа до плеј-офот, но беа елиминираи во полуфиналето.
Дабевска претходно ги бранеше боите на Локомотива Загреб и ПАОК Солун, каде што освои шампионска титула, а со хрватскиот тим беше дел и од Лигата на шампионите.
Кружниот напаѓач во Македонија играше за Металург, Куманово и Пелистер, а беше дел и грчкиот Јонијас, романските Униреа Слобозиа, Галаци и Четате Дева, како и унгарскиот Дунајварош.

























