Поранешниот ракометар на македонскиот шампион Вардар, Марек Марчињак, официјално е нов член на Сласк Вроцлав, каде беше претставен како едно од најзначајните засилувања за претстојната сезона.
Полскиот ракометар се враќа во својата татковина по успешната сезона во дресот на Вардар, каде освои двојна круна.
Од Сласк Вроцлав истакнуваат дека добиваат играч со одлични напаѓачки квалитети, техничка поткованост и голема посветеност во одбранбените задачи. Токму тие карактеристики биле пресудни клубот да го ангажира Марчињак во пресрет на новите предизвици.
Клубот од Вроцлав е нов член на елитната полска лига, но амбициите се далеку поголеми од опстанок. Раководството најавува создавање конкурентен тим кој ќе може да се наметне во најсилното полско друштво.
Трансферот на Марчињак беше претставен како доаѓање на играч од ракометен гигант, а во Сланск веруваат дека поранешниот вардарец ќе има важна улога во остварувањето на клупските цели во сезоната што следува.
























