По завршувањето на сезоната, полскиот интернационалец Марек Марчињак се збогуваше со Вардар преку емотивна порака.
Десниот бек им се заблагодари на сите во клубот, соиграчите и навивачите за годината мината во „црвено-црниот“ дрес.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во Вардар за оваа година. Не беше лесно, беше тешка сезона и на спортски и на приватен план, но и покрај сè, среќен сум што бев дел од овој клуб. Воедно, ова беше и година исполнета со успеси. Заедно ја освоивме шампионската титула, Купот на Македонија и стигнавме далеку во Лигата на Европа“, напиша Марчињак.
Тој истакна дека најголемото богатство од престојот во Скопје се луѓето кои ги запознал и моментите што ги доживеал во клубот.
„Најмногу сум благодарен за луѓето што ги запознав овде. Сретнав одлични соиграчи и луѓе околу клубот со кои споделив многу незаборавни моменти. Долго ќе ги носам во моите спомени“, додаде тој.
На крајот од пораката упати и кратка, но јасна порака до вардаровото семејство.
„Ајде Вардаре!“
Марчињак по едногодишниот престој во Вардар ќе се врати во татковината и има две опции за продолжување на кариерата.
View this post on Instagram























