Тимот на Јехона од Гостивар, по шести пат ќе го организира традиционалниот турнир во женска кадетска конкуренција.
Учесници на овој турнир ќе бидат домаќинот Јехона, Пантери Кале од Кичево, Овче Поле СУ од Свети Николе и Деспина од Прилеп.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Јехона и Пантери Кале, додека во второто полуфинале ќе играат екипите Деспина и Овче Поле СУ.
Сите четири натпревари од турнирот ќе се одиграат на 6 јуни, сабота, во салата „Младост“ во Гостивар.
























