Габриела Величковска му кажа збогум на ракометот!

Најдобриот среден бек во Супер женската лига за минатата сезона во Ол Стар тимот на 24Ракомет, Габриела Величковска, реши да му каже збогум на ракометот.

Величковска, која како ракометарка на Чаир ја завршува кариерата, претходно има настапувано за Пелистер, Куманово и Металург.

На меѓународна сцена ги носеше дресовите на француските тимови Ле Пузен и Кот Баске, каде мина вкупно три сезони.

31-годишната Величковска нема да го остави ракометот бидејќи веќе работи како тренер во младински категории.