Абутовиќ: Те сакам Македонијо, засекогаш ќе бидеш во моето срце!

Српскиот интернационалец Илија Абутовиќ по две сезони во Битола се враќа во татковината и дресот на Еурофарм Пелистер го замени со оној на Партизан.

Абутовиќ претходно играше за францускиот Шарт и германскиот Рајн Некар Левен, а длабока трага остави во Вардар, каде мина седум сезони.

Со престојот во Битола комплетираше девет сезони во Македонија, стана македонски зет и сигурно и во иднина ќе се враќа тука.

Абутовиќ емотивно се збогуваше на социјалните мрежи.

„Благодарам Еурофарм Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за историскиот европски трофеј. Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Абутовиќ.

Тој во наредната сезона ќе настапува за Партизан, повторно ќе соработува со Раул Гонзалез со кој имаа одлична конекција во Вардар.