Бешикташ направи тренерска промена во пресрет на новата сезона и официјално го назначи шпанскиот стратег Рубен Гарабаја за нов предводник на тимот.
Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер доаѓа на местото на Оливер Рој Камино, со кого клубот спогодбено ја прекина соработката по исклучително успешен период.
Клубот претходно се збогуваше со Камино и му се заблагодари за придонесот во последните три сезони, во кои Бешикташ освои три двојни круни во Турција.
Гарабаја, кој во кариерата ги водеше и Логроњо, Синфин, а сега е на клупата на машката репрезентација на Грузија последно беше на клупата на Еурофарм Пелистер.
Со неговото доаѓање, Бешикташ сака да ја продолжи доминацијата на домашната сцена и да направи исчекор во европските натпреварувања.
























