Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски ќе има нов меѓународен предизвик веднаш по завршувањето на сезоната, откако доби ангажман од кувајтскиот шампион Кувајт Клуб за настап на Азиската Лига на шампиони.
Популарниот „Фитиљ“ ќе го носи дресот на кувајтскиот клуб на турнирот кој ќе се одржи од 6 до 15 јуни во Кувајт, а ќе собере дел од најсилните екипи од азискиот континент.
Кувајт Клуб ќе настапува во исклучително силна група заедно со Ал Араби од Катар, Ал Наџма од Бахреин и Ал Калиџ од Саудиска Арабија.
Влогот на турнирот е голем, бидејќи победникот ќе обезбеди пласман на Светското клупско првенство. Актуелен освојувач на титулата во Азиската Лига на шампиони е Шарџа од Обединетите Арапски Емирати.
За Кузмановски ова ќе биде уште една можност да го потврди својот квалитет на меѓународната сцена, по сезоната во дресот на Еурофарм Пелистер.
Тој има понуда да продолжи да го носи дресот на битолчани, а допрва треба да биде постигна договор меѓу клубот и капитенот.
























