Партизан се засили со голман на Келце!

Босанскиот репрезентативен голман Бекир Чордалија е ново засилување на српскиот првак Партизан за наредната сезона.

Белградскиот клуб продолжува со формирање на тимот за следната сезона, во која со Раул Гонзалез на клупата ќе има високи амбиции и на домашната и на европската сцена.

23-годишниот чувар на мрежата пристигнува од полскиот шампион Келце, каде стекна драгоцено искуство настапувајќи во еден од најсилните европски клубови.

Чордалија потпиша едногодишен договор со Партизан, со можност соработката да биде продолжена и на дополнителна сезона.

Со ангажманот на младиот голман, црно-белите добиваат квалитетно решение меѓу стативите во обидот да направат исчекор на меѓународната сцена и да се борат за највисоките дострели во новата натпреварувачка година.