Македонската репрезентативка Ивана Гакидова по една сезона заминува од полскиот тим Кобержице.
Kружниот напаѓач пристигна во Кобержице во 2025 година и брзо се наметна како важен дел од тимот, како на теренот, така и надвор од него. Во сезоната 2025/26 настапуваше во полската Супер лига, Купот на Полска и ЕХФ Европскиот Куп, забележувајќи 33 настапи и постигнувајќи 40 голови.
Клубот официјално потврди дека по завршувањето на сезоната двете страни ќе тргнат по различни патишта.
„Многу сум среќна и благодарна за сезоната што ја минав во Кобержице. Тоа беше период исполнет со напорна работа, предизвици, емоции и незаборавни моменти кои ми помогнаа да напредувам и како ракометарка и како личност. Ќе го паметам овој клуб не само поради ракометот, туку и поради прекрасните луѓе што ги запознав. Многумина од нив станаа мои вистински пријатели. Благодарам на клубот, соиграчите и сите околу тимот што направија од првиот ден да се чувствувам како дома. Посебна благодарност и до навивачите за нивната поддршка, енергија и страст. Горда сум што бев дел од овој клуб и оваа заедничка приказна“, изјави Гакидова.
Гакидова во Македонија беше дел од Металург и Вардар, играше за норвешкиот Молде, француските Стразбур и Стела Сен Маур, потоа романската Слатина, турскиот Анталија Коњалти, чешкиот Бањик Мост, српската Наиса Ниш…
























