Левиот бек Сузана Зечевиќ по шест сезони минати во Македонија, ќе замине од нашата држава и ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа потпиша договор за наредната сезона со словачкиот состав Слован Дусло Шала и ќе биде дел од регионалната МОЛ лига со Дунајска Стреда, Јувента Михаловце, Славија Прага, Бањик Мост…
Црногорската интернационалка дојде во Куманово во 2020 година, таму остана пет сезони и стана една од носителките на играта.
Минатото лето се раздели со Куманово и реши да потпише со Металург Автокоманда, но по згаснувањето на тој проект се пресели во Спартак, каде беше дел од историјата на овој клуб и пласманот во финалето на Купот на Македонија.
Со Куманово стигна до трофеј во Купот во 2023 година, а оваа година во Струмица на Ф4 беше најдобар стрелец.

























