Загреб „активира бомба“ – столбот на хрватската репрезентација се враќа дома!

Загреб го претстави едно од најголемите засилувања за следната сезона, откако хрватскиот шампион официјално го потврди трансферот на Марко Мамиќ.

Искусниот репрезентативец на Хрватска во Загреб пристигнува од германски Лајпциг и потпиша тригодишен договор.

Мамиќ важи за еден од најдобрите дефанзивци во хрватската репрезентација, а вo клубот не го кријат задоволството од реализираниот трансфер.

Покрај доаѓањето на Мамиќ, Загреб потврди и дека Гиорги Цковребадзе го продолжил договорот на уште три сезони. Нови засилувања се десниот бек Јовица Николиќ, пикерите Златко Раужан и Глеб Калараш, левиот бек Диано Ќешко, голманот Урх Кастелиќ и левото крило Мануел Штрлек.

Промени ќе има и во стручниот штаб. Нов тренер на „плинарите“ ќе биде Хрвоје Хорват, додека негов помошник ќе биде Тончи Валчиќ. Тренер на голманите останува Аријан Јовиќ, а поранешниот репрезентативец Јаков Гојун ќе има функција технички директор на тимот.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________