Данскиот голман Јаник Грин, кој се поврзуваше со српскиот првак Партизан, сепак ќе го одработи потпишаниот договор со ХОЈ што испадна од елитната конкуренција и ќе се натпреварува во Втората по ранг лига.
Српскиот репрезентативец Владимир Цупара по три сезони си заминува од романскиот шампион Динамо Букурешт и ќе брани во Бундес лигата. Цупара потпиша договор со германскиот Балинген.
Исландскиот репрезентативен среден бек Хаукар Трастарсон ја продолжи соработката со Рајн Некар Левен до 2028 година и ќе остане најмалку уште две сезони, откако ја „оживеа“ кариерата по настапите во Келце и Динамо Букурешт.
Репрезентативецот на Фарски Острови и ракометар на ГОГ Гудме, Оли Митун, е на мета на германскиот првак Магдебург. Тој има договор со данскиот состав до 2029 година, па ако Магдебург го сака ќе мора да го одврзе кесето.