Тимот на Чикаго Интер, каде што игра македонската интернационалка Леонида Гичевска стана шампион на САД.
Чикаго Интер предводен од Гичевска, која беше избрана за МВП на завршниот турнир, беше подобар од тимовите на Сокал и Каролина Рог, па со две убедливи победи стигна до титулата.
Гичевска потекнува од Свети Николе, во Македонија ги носеше дресовите на Вардар Јуниор и Вардар, со кој играше во Лигата на шампионите, а беше дел и од Металург и Куманово.
Во 2020 ја започна интернационалната кариера. Настапуваше за француските клубови Ле Пузен, Самбр Авеннуа и Безансон, потоа за хрватската Локомотива Загреб, романската Стинта Букурешт и руската Лада Тољати.
Гичевска ги мина сите младински категории на македонската репрезентација, а настапи и во сениорскиот дрес на ЕП 2022 на кое домаќинот покрај Црна Гора и Словенија, беше и Македонија.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























